Ќе се гради прва соларна централа

Bez autora
Mar 21 2011

На површина од два хектара во скопската општина Илинден ќе се гради првата поголема соларна централа, со моќност од 1 мегават. Македонскиот претставник, фирмата „Алтернатив енерџи - М“, која е дел од германската лидер-компанија на полето на обновливи извори на енергии „Блуенерџи еј-џи“, ја чека дозволата за градба од Министерството за транспорт и врски во населеното место Ајватовци за да почне изградбата на првата поголема соларна централа. Имаме добра соработка со општинските власти и подготовките што започнаа во мај 2009 година се при крај. Инвестицијата е 3 милиони и 200 илјади евра, а треба да се направи и далекуводот што ќе го поврзе со енергетскиот систем на ЕВН.

Ќе се гради прва соларна централаНа површина од два хектара во скопската општина Илинден ќе се гради првата поголема соларна централа, со моќност од 1 мегават.

Македонскиот претставник, фирмата „Алтернатив енерџи - М“, која е дел од германската лидер-компанија на полето на обновливи извори на енергии „Блуенерџи еј-џи“, ја чека дозволата за градба од Министерството за транспорт и врски во населеното место Ајватовци за да почне изградбата на првата поголема соларна централа.

„Имаме добра соработка со општинските власти и подготовките што започнаа во мај 2009 година се при крај“, потврдува за Дојче веле, Ратко Станојковски, претставник на „Алтернатив енерџи - М“. „Инвестицијата е 3 милиони и 200 илјади евра, а треба да се направи и далекуводот што ќе го поврзе со енергетскиот систем на ЕВН‘‘.

Станојковски вели дека планираат да ја направат изградбата за минимални два месеца со фотоволтични панели што ги изработува германската фирма „Блуенерџи еј-џи“ и појаснува: „Кога ќе почнеме со градење, имаме комплетно автоматизирани машини, кои врз основа на проектот со точни координати, ги поставуваат панелите во најповолна положба за максимално да се искористи сончевата енергија‘‘.

Електричната енергија со помош на уреди инвертори се претвора во наизменична и се усогласува во мрежниот напон на дистрибутивната мрежа. Значи, се вклучува постепено да не настанат удари во мрежата и кога снемува сончева енергија, постепено се исклучува за да исто така не дојде до удари или престанок на електричната енергија.

Соларната централа од 1 мегават ќе опслужува околу стотина семејства и неколку помали фирми. Во Општина Илинден веќе има поставено мали соларни уреди на објектите на некои институции и домаќинства со помала моќност со низок напон од 30 до 50 киловати. Првата соларна централа е со висок напон поради што мора да се изгради и делекувод поврзан во мрежата на ЕВН. Од „Алтернатив Енерџи - М“ потенцираат дека тие планираат и изградба на уште неколку вакви соларни централи на овој простор, но и во други региони во Македонија, а за кои постојат соодветни услови поради големиот број сончеви денови.

Од компанијата размислуваат и за изградба на електрана на биомаса како алтернатива за деновите кога нема доволна сончева енергија за работа на соларната централа. „Општина Илинден максимално ги поддржува сите проекти што водат на зачувување на животната средина, како што е проектот за изградба на соларна централа“, потенцира Ристо Томовски, портпарол на Општина Илинден. „Реализацијата на целиот овој проект е од големо значење за Илинден, затоа што се добива производство на енергија без штетни емисии, а и се подобрува енергетската состојба во регионот“.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik